Здружение за лица со посебни потреби ПРОГРЕС е современ и стручно организиран центар посветен на целосна поддршка на физичкиот и психичкиот развој.

Тимот се состои од специјалист по кинезитерапија и рехабилитација, психолози, логопеди и дефектолози.

Обезбедуваме индивидуализиран пристап, стручна процена и професионални третмани насочени кон подобрување на мобилноста, функционалноста, говорно-јазичниот развој и општата психолошка благосостојба.

Нашата мисија е секој клиент да добие квалитетна грижа и поддршка за поефикасно и побрзо постигнување на целосна рехабилитација.

Наставата се одржува на Македонски и Албански Јазик.

Нашиот центар е прв мултиетнички центар во Куманово.

Галерија со дел од секојдневните активности, организирани работилници и настани на задружението ПРОГРЕС: