Здружението ПРОГРЕС ги нуди следните услуги:
1. Дефектолошки третман
Подразбира едукација и рехабилитација на лица со интелектуална попреченост, моторни нарушувања, оштетен слух, оштетен вид, аутистичен спектар на нарушувања, лица со типичен развој за поттикнување на креативност и самодоверба.
Се применуваат методи и техники за:
- Развој на фина и груба моторика
- Стимулирање и развој на говор
- Развој на когнитивни вештини
- Внимание и концентрација
- Совладување на специфични потешкотии при учење
- Развој на социјални вештини.
2. Логопедски третман
- Процена и дијагностика на говорно јазични нарушувања
- Корекција на артикулациски и фонолошки нарушувања
- Стимулација на говорно јазичен развој
- Стимулација на комуникација
- Стимулација на аудитивна свест и аудитивна перцепција
- Третман на нарушување на флуентност (пелтечење, тахифемија)
- Третман на дислексија
3. Психолошки третман
Опфаќа поддршка насочена кон подобрување на емоционалното здравје, однесувањето и психичката благосостојба. Преку индивидуален пристап, третманот опфаќа процена на психолошките потреби, самодоверба, емоционална регулација и развој на социјални вештини. Целта е да се поттикне личен раст, подобро справување со предизвиците и подобрување на квалитетот на живот. Нашиот пристап е индивидуализиран, структуриран и базиран на современи, докажани методи кои го поттикнуваат детскиот развој на природен и пријателски начин.
Се користат методи и техники како:
- Игровна терапија
- Когнитивно-бихејвиорални техники
- Техники за подобрување на емоционална регулација
- Структурирани рутини
- Техники за поведение
- Сензорно-интегративни активности.
Наставата се одржува на Македонски и Албански Јазик.
Нашиот центар е прв мултиетнички центар во Куманово.





