Здружението ПРОГРЕС ги нуди следните услуги:

1. Дефектолошки третман

Подразбира едукација и рехабилитација на лица со интелектуална попреченост, моторни нарушувања, оштетен слух, оштетен вид, аутистичен спектар на нарушувања, лица со типичен развој за поттикнување на креативност и самодоверба.

Се применуваат методи и техники за:

  • Развој на фина и груба моторика
  • Стимулирање и развој на говор
  • Развој на когнитивни вештини
  • Внимание и концентрација
  • Совладување на специфични потешкотии при учење
  • Развој на социјални вештини.

2. Логопедски третман

  • Процена и дијагностика на говорно јазични нарушувања
  • Корекција на артикулациски и фонолошки нарушувања
  • Стимулација на говорно јазичен развој
  • Стимулација на комуникација
  • Стимулација на аудитивна свест и аудитивна перцепција
  • Третман на нарушување на флуентност (пелтечење, тахифемија)
  • Третман на дислексија

3. Психолошки третман

Опфаќа поддршка насочена кон подобрување на емоционалното здравје, однесувањето и психичката благосостојба. Преку индивидуален пристап, третманот опфаќа процена на психолошките потреби, самодоверба, емоционална регулација и развој на социјални вештини. Целта е да се поттикне личен раст, подобро справување со предизвиците и подобрување на квалитетот на живот. Нашиот пристап е индивидуализиран, структуриран и базиран на современи, докажани методи кои го поттикнуваат детскиот развој на природен и пријателски начин.

Се користат методи и техники како:

  • Игровна терапија
  • Когнитивно-бихејвиорални техники
  • Техники за подобрување на емоционална регулација
  • Структурирани рутини
  • Техники за поведение
  • Сензорно-интегративни активности.

Наставата се одржува на Македонски и Албански Јазик.

Нашиот центар е прв мултиетнички центар во Куманово.

Галерија со дел од секојдневните активности, организирани работилници и настани на задружението ПРОГРЕС: