Здружение за лица со посебни потреби ПРОГРЕС е современ и стручно организиран центар посветен на целосна поддршка на физичкиот и психичкиот развој.
Тимот се состои од специјалист по кинезитерапија и рехабилитација, психолози, логопеди и дефектолози.
Обезбедуваме индивидуализиран пристап, стручна процена и професионални третмани насочени кон подобрување на мобилноста, функционалноста, говорно-јазичниот развој и општата психолошка благосостојба.
Нашата мисија е секој клиент да добие квалитетна грижа и поддршка за поефикасно и побрзо постигнување на целосна рехабилитација.
Наставата се одржува на Македонски и Албански Јазик.
Нашиот центар е прв мултиетнички центар во Куманово.





